ПРЕЗЕНТАЦИИ

среда, 28. септембар 2016.



Од идеја до реализација...Патронат, 2014 год.

https://www.youtube.com/watch?v=3hVV-YvxPYU

Слободно време...си играме, учиме,се забавуваме...

















  
ПЛАН ЗА ЧАС

Одд. наставник: О.Мицкова

Тема: Јас со другите и другите со мене

дата:
27.09.2016
одделение:
IIIб
Предмет
Содржина и тип на час
општество
          Разлики и сличности меѓу нас -МИО Разлики и сличности меѓу нас „Работилница воочувам сличности и разлики“
                      

КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ:
ученикот/ученичката да се поттикнува да ги почитува разликите (пол, надворешен изглед).
ИНДИКАТОРИ ЗА ПОСТИГАЊА НА ЦЕЛИТЕ:
Ученикот/ученичката може да каже примери на почитување на разликите во однос на пол, надворешен изглед, боја на кожа и вера.
Наставни  форми: 
фронтална
Наставни методи:
говорен метод (монолог, дијалог)
Наставни средства:
Презентација, лист за запишување и цртање, дрвени бои, фломастери или креди во боја, картончиња со броеви за групите.
Место на реализација
Училница
ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ
Image result for Сличности и разлики кај деца

Воведни активности: Учениците се делат во две групи: група од девојчиња и група од момчиња. Групата од девојчиња добива задача да размисли и на хартија ги запише оние игри кои најчесто ги играат машките деца. Групата од момчиња добива задача да ги запише оние игри кои најчесто ги играат девојчињата. Потоа еден член од групата го чита пред останатите тоа што го запишале. Членовите на останатата група слуша вниматлно и до колку има некоја игра која не е спомената, ја кажува. На тој начин групите се надополнуваат едни со други. Нивните искажувања наставникот ги запишува на табла користејќи го Веновиот дијаграм. Во средината на Веновиот дијаграм ги запишува оние игри кои им се заеднички, односно игри за кои се изјасниле и девојчињата и момчињата.
 





           Женски игри                 заеднички игри           машки игри
Заклучок: Иако се разликуваме по пол машки/женски, сите сме ученици и играта е омилена активност на сите бидејќи ни овозможува заедничко дружење. Се става акцент и на верската разлика меѓу учениците. Се нагласува дека сите деца ид светот, без разлика на бојата на кожата и верата, ги играат иститеигри. Се покажува слика (ако има интернет се работи и преку него)

Учечко поучувачки активности
Се проследува презентацијата и се извлекува закључок дека иако сите сме различни, сепак имаме сличности кои треба да се почитуваат
 Прв чекор: Учениците добиваат задача да нацртаат цвет со пет ливчиња. Во средината на цветот го испишуваат своето име, додека во ливчињата на цветот по една своја особина која ги карактеризира и по која се препознатливи. Наставникот ги поттикнува учениците да размислуваат и го насочува нивното размислување кон особините на личноста, а не кон нивните желби, активности или надворешен изглед. Тој им предлага на учениците ливчињата да ги нацртаат во различна боја, односно квалитетите по кои се препознатливи, т.е. особините кои ги красат да ги напишат во соодветната боја на листот. Притоа да остават простор за допишување.
Втор чекор: Откако ќе ги испишат ливчињата учениците се делат во групи (четири или шест) во зависност од вкупниот број ученици во паралелката. Учениците меѓусебно споделуваат и проверуваат дали има ливчиња од цветот со испишани исти особини и карактеристики на личноста. Доколку се јави такво нешто во ливчето од цветот се запишува името на другарчето. Потоа се спојуваат две со две групи (прва со трета, втора со четврта) и задачата се повторува а ливчињата на цветот се пополнуваат со имиња на ученици кои имаат заеднички особини. Тоа се повторува сѐ додека секој со секого не стапи во контакт и ги сподели своите испишани карактеристики на личноста.
Евалвациони активности: Наставникот поведува разговор со учениците за тоа како работеле, како се чувствувале, дали има цвет со идентични записи. Која особина ја сретнавте кај повеќето ученици (ученици во трето одделение кои учат во исто училиште, живеат во ист град и сл.)? Тоа е нешто што е заедничко, но секој цвет е различен и посебен-тоа говори за тоа дека секое дете е посебно. На крајот наставникот на плакатна хартија или на таблата исцртува нов цвет во чија средина ги запишува оние белези и карактеристики кои според согледувањата на учениците се заеднички, а во ливчињата на цветот сите оние по кои се разликуваат. Притоа внимава да ги запише со фломастери/креди во боја.
  
РЕФЛЕКСИЈА.
*Што правевме денес?
*Како се чувствувавте?
*Што научивме?
*Како може наученото да го користи-
ме во секојдневниот живот?

Ги искажуваат своите впечатоци од овој наставен час. Научија дека
Треба да го прифаќа постоењето на разлики меѓу луѓето во поглед на физичкиот изглед и
способностите не треба да биде основа за меѓусебно подвојување

























                      

 

среда, 31. август 2016.

Како се прави струјно коло


     Пред часот по Природни науки, на кој требаше да учиме за струјни кола, односно -Како се парави струјно коло , го посетивме Кабинетот по физика. Таму не пречекаа учениците од 9 то одделение со наставничката Аида Петровска, кои љубезно ни демонстрираа и објаснија се што е потребно да се изработи струјно коло.
Задоволни од посетата се вративме во нашата училница и веднаш се зафативме со предизвикот...
                                                               ...кабинет по физика....










...од нашата училница...






                                                 
                                                    ...повторуваме и експериментираме...